KimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicom

KimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicomKimicom

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА


Времетраењето на курсевите ни е наметнато од самите посетители – односно потребата за повеќе пракса на нашите студенти за подобро сфаќање , совладување и усовршување на знаењето и вештините со кој се запознаваме. Принципот на работа на нашите курсеви е: теорија – пракса – домашна задача – работа на проект. Наша цел е да Ве научиме да го користиме стекнатото знаење а не само да се запознаеме со теоријата на матерјалот. По завршувањето на било кој курс да имате самодоверба и вештина самостојно да работите и да се усовршувате.
Kimicom со својот центар за едукација го нуди своето знаење и искуство – не посредуваме при вработувања. Но гарантираме дека со стекнатото знаење – по успешно завршен курс, ќе бидете квалификувани за позитивно да поминете соодветно интевју за вработување во било која ИТ компанија, и ќе бидете квалификуван работен кадар.
Ние со радост ги пречекуваме сите нови таленти во нашиот тим – Kimicom е компанија со секојдневен раст и развој и секојдневна потрага по млади таленти кои ќе ни помогнат и понатаму да бидеме меѓу најдобрите.
Секако – Ви нудиме можност на плаќање на рати без камата, цената на коштање ја делиме на подеднакви месечни рати во зависност од времетраењето на курсот. Kimicom има и посебен третман за средношколците и студентите – нудиме специјален попуст за овие целни групи со цел олеснување на матерјалните трошоци и поттик за проширување на знаењето и љубовта на младите во Македонија кон оваа профитабилна професија.
По секој успешно завршен курс се добиваа соодветен сертификат од германското представништво на Kimicom – бидејќи нашите предавачи добиваат наставна програма , материјал и насоки од нив.
Откако го отворивме нашето представништво во Македонија осетивме недостаток на соодветен кадар на пазарот на трудот – потреба од едукација на младите како би станале конкурентни во сферата на маркетингот, веб дизајн и програмирањето. Со едукативниот центар си олеснуваме и себеси и на нашите студенти а се надеваме дека даваме и свој мал но за нас значаен придонес во намалување на невработеноста во Македонија.
Во принцип НЕ – не е потребно предзнаење. Ние се трудиме во секоја група студентите да ги изедначиме во можностите и знаењата и доколку некаден се осети потреба за индивидуална работа со поединец тоа и го практикуваме.
За оваа прашање немаме точен одговор – тоа е во зависност од љубовта, талентот и поединечниот развој на секоја личност. Доколку сакате за Вас кои сте во поодминати години или пак мислите дека Вашето дете има афинитети кон оваа професија – сите сте добредојдени да работиме заедно на раст и доградба на талентот кој што сте го препознале. Никогаш не е ни прерано ни прекасно за нова кариера која ќе ја сакате!
Нашата програма ја составува целиот тим – сите вработени имаат право да дискутираат и да додаваат теми или обратно. Зошто е тоа така и дали е тоа најдобар метод? Според нашето искуство ДА дефинитивно најдобриот метод на предавање е всушност постапно учење на сите чекори кој еден наш програмер / дизајнер ги поминува низ самата работа на реални проекти. Комбинацијата на темите во самите курсеви се така поделени за да формираат една целина , целина на програми јазици алатки и сл…. со кој што можите самостојно да работите на една работна позиција.