Дигитален Маркетинг

Комплетна програма која ги опфаќа сите вештини и алатки потребни за да станеш успешен дигитален маркетер, вклучувајќи Social Media Marketing, Google Ads, SEO и многу други. Стекни знаење во една од најбараните професии и подготви се за кариера во областа на дигиталниот маркетинг.


Наставен план и програма

 

Принципи на дигиталниот маркетинг и стратегија

  •     Разбирање на принципите на дигиталниот маркетинг
  •     Разбирање на потрошувачот
  •       Поставување на цели
  •     Истражување на пазарот
  •     Креирање на стратегија
  •     Поврзување на целите со KPIs
  •     Развивање и оптимизирање на стратегија

 

Контент маркетинг и ЅЕО

  •     Принципи на котент маркетингот
  •     Типови на контент и принципи на креирање
  •     ЅЕО – принципи и типови
  •     ЅЕО анализа

 

Social media marketing

  •     Маркетинг на социјални мрежи
  •     Органски објави на социјалните мрежи
  •     Платени кампањи на социјалните мрежи

 

Платени кампањи (РРС)

  •     Платени кампањи со Google Ads (PPC)
  •     Search кампањи
  •     Video advertising
  •     Display advertising
  •     YouTube advertising

 

Email маркетинг

  •     Основи и принципи
  •     Креирање на email кампањи
  •     Оптимизирање на email-ови и кампањи
  •     Дизајн на email

 

 Оптимизација на вебсајт

  •     Веб дизајн и оптимизација
  •     Принципи за веб дизајн
  •     Оптимизација според принципите на UX

 

 Аналитика со Google Analytics

  •     Основи на Web Analytics
  •     Креирање на цели
  •     Мониторинг на кампањи со Google Analytics
  •     Поставување и анализа на reports во Google Analytics

Бонус:

  • Изработи свои проекти кои ќе можеш да ги приложеш кон твоето портфолио и ќе ти даде предност при вработување.
  •  Добиј кариерно советување од искусни професионалци во областа. Ќе ти помогнеме да ги подготвиш твоето CV и мотивационо писмо.

 


digital marketing

Времетраење на курсот:
50 часа

Почеток:
10 Мај 2021

Цена:
15 000 денари

(со можност за плаќање на 3 месечни рати)

Eдна група онлине + една група со физичко присуство

Телефони за контакт:
047 / 52 67 55
075/263-861

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Зошто курсевите на Kimicom траат толку долго?

Времетраењето на курсевите ни е наметнато од самите посетители – односно потребата за повеќе пракса на нашите студенти за подобро сфаќање , совладување и усовршување на знаењето и вештините со кој се запознаваме. Принципот на работа на нашите курсеви е: теорија – пракса – домашна задача – работа на проект.
Наша цел е да Ве научиме да го користиме стекнатото знаење а не само да се запознаеме со теоријата на матерјалот. По завршувањето на било кој курс да имате самодоверба и вештина самостојно да работите и да се усовршувате.

2 Дали Kimicom бара работа за своите студенти?

Kimicom со својот центар за едукација го нуди своето знаење и искуство – не посредуваме при вработувања. Но гарантираме дека со стекнатото знаење – по успешно завршен курс, ќе бидете квалификувани за позитивно да поминете соодветно интевју за вработување во било која ИТ компанија, и ќе бидете квалификуван работен кадар.

3. Какви со можностите за вработување во Kimicom по завршувањето на курсот?

Ние со радост ги пречекуваме сите нови таленти во нашиот тим – Kimicom е компанија со секојдневен раст и развој и секојдневна потрага по млади таленти кои ќе ни помогнат и понатаму да бидеме меѓу најдобрите.

4. Постои ли можност за плаќање на рати?

Секако – Ви нудиме можност на плаќање на рати без камата, цената на коштање ја делиме на подеднакви месечни рати во зависност од времетраењето на курсот. Kimicom има и посебен третман за средношколците и студентите – нудиме специјален попуст за овие целни групи со цел олеснување на матерјалните трошоци и поттик за проширување на знаењето и љубовта на младите во Македонија кон оваа профитабилна професија.

5. Дали издавате сертификати по завршувањето на курсот?

По секој успешно завршен курс се добиваа соодветен сертификат од германското представништво на Kimicom – бидејќи нашите предавачи добиваат наставна програма , материјал и насоки од нив.

6. Зошто се решивте да ја проширите вашата дејност со едукативниот центар?

Откако го отворивме нашето представништво во Македонија осетивме недостаток на соодветен кадар на пазарот на трудот – потреба од едукација на младите како би станале конкурентни во сферата на маркетингот, веб дизајн и програмирањето. Со едукативниот центар си олеснуваме и себеси и на нашите студенти а се надеваме дека даваме и свој мал но за нас значаен придонес во намалување на невработеноста во Македонија

7. Дали е потребно предзнаење за посетување на вашите курсеви?

Во принцип НЕ – не е потребно предзнаење. Ние се трудиме во секоја група студентите да ги изедначиме во можностите и знаењата и доколку некаден се осети потреба за индивидуална работа со поединец тоа и го практикуваме.

8. Од која возраст е препорачливо да се започни со посета на курсевите?

За оваа прашање немаме точен одговор – тоа е во зависност од љубовта, талентот и поединечниот развој на секоја личност. Доколку сакате за Вас кои сте во поодминати години или пак мислите дека Вашето дете има афинитети кон оваа професија – сите сте добредојдени да работиме заедно на раст и доградба на талентот кој што сте го препознале. Никогаш не е ни прерано ни прекасно за нова кариера која ќе ја сакате!

9. Како ја составувате наставната програма и како ги избирате предавачите – дали се тие компетентни личности?

Нашата програма ја составува целиот тим – сите вработени имаат право да дискутираат и да додаваат теми или обратно. Зошто е тоа така и дали е тоа најдобар метод? Според нашето искуство ДА дефинитивно најдобриот метод на предавање е всушност постапно учење на сите чекори кој еден наш програмер / дизајнер ги поминува низ самата работа на реални проекти.
Комбинацијата на темите во самите курсеви се така поделени за да формираат една целина , целина на програми јазици алатки и сл…. со кој што можите самостојно да работите на една работна позиција.

Пријавете се!

Оставете Ваши податоци Ќе добиете повик од нас