Kimicom тренинг центар

Нашето 10 годишното искуство и знаење Ви го пренесуваме Вам – преку нашите курсеви и обуки.
Стекнете знаење и вештини кој ќе Ви помогнат да ја пронајдете вашата страст и ќе допринесат високо да котирате на пазарот на трудот . Разгледајте ја нашата понуда на курсеви и резервирајте го Вашето место.


wordpress

Доколку сакате да градите страни кои ќе бидат професионални и ќе изгледаат прекрасно, вие сте на вистинското место. Вашата желба остварете ја учејки од најдобрите. Ние како врвен тим правилно ќе ве насочиме и покажеме како да успеете во тоа. По завршувањето на овој курс ќе бидете способни да креирате веб сајтови за различни намени, персонални блогови, користејќи ја најкористената платформа во светот за креирање на веб страни – WordPress.

calendar

Почеток на курсот:

5ти Ноември

clock

Времетраење на курсот:

3 Месеци (50 часа)

discount

Цена:

12 000 денари

digital marketing

Дигиталниот маркетинг е опфатен со употребата на бројни дигитални тактики, стратегии, алатки и канали за да се поврзете со клиентите каде што поминуваат најголем дел од своето време – онлајн. Постојат милион тактики и стратегии кои спаѓаат под капата на Дигиталниот Маркетинг и можат навистина да ви помогнат Вам и на Вашите клиент. За секаков тип на бизнис има стратегија која може да го направи многу поуспешен преку користење на социјалните медиуми

calendar

Почеток на курсот:

5ти Ноември

clock

Времетраење на курсот:

3 Месеци (50 часа)

discount

Цена:

24 000 денари
12 000 денари

webdesign

Веб дизајнот го опишува процесот на дизајнирање кој се одесува на frontend делот како и проектирање на веб сајтот преку кодирање. Од веб дизајнерот се очекува да ги задоволи потребните услови на изгледот и функционалноста на веб сајтот. За напомена е фактот што оваа професија претставува една од најбараните во последните неколку години во светот.

calendar

Почеток на курсот:

15ти Септември

clock

Времетраење на курсот:

4 Месеци (144 часа)

discount

Цена:

60 000 денари
30 000 денари

3d design

Додека кај другите професии потребата за човечки ресурси варира, потребата за 3D дизајнери бележи постојан раст. Причината е тоа што, новиот производ прво настанува како 3D модел, па после низа испитувања на пазарот се преминува кон производство. Со изучување на 3Ds max и V-ray ќе се стекнете со најбараните вештини од областа на дизајнирањето и проектирањето со помош на компјутер. Ќе научите со користење на CAD програма да нацртате буквално се што можете да замислите – од атрактивни 3D модели на производ, објекти и ликови, преку специјални ефекти и анимации, до архитектонски проекти, дизајн на ентериер и простор.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

4 Месеци (144 часа)

discount10

Цена:

90 000 денари
81 000 денари

graphic design course

Доколку графичкиоит дизајн е Вашата страст Вие сте на вистиското место. 3 месечна академија за графички дизајн посветена работа, упорност, практична работа со наши клиенти и реални проекти.
Се посветуваме на секој наш студент поединечно ја развиваме работната навика, стекнуваме знаења и вештини и Ве насочуваме и помагаме да најдете соодветно место на пазарат на трудот. Ќе ги совладаме заедно најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да се представи и реализира една идеа.
Заедно со нашите ментори ќе се изработат лого, постер, дизајн на книга, брошура, визит карта – Ваши дизајни кои ќе можете да ги вметнете во Вашето портфолио.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

144 часа (4 месеци)

discount

Цена:

60 000 денари
30 000 денари

wordpress

Доколку сакате да градите страни кои ќе бидат професионални и ќе изгледаат прекрасно, вие сте на вистинското место. Вашата желба остварете ја учејки од најдобрите. Ние како врвен тим правилно ќе ве насочиме и покажеме како да успеете во тоа. По завршувањето на овој курс ќе бидете способни да креирате веб сајтови за различни намени, персонални блогови, користејќи ја најкористената платформа во светот за креирање на веб страни – WordPress.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

4 Месеци (144 часа)

discount

Цена:

60 000 Денари
30 000 денари

e-commerce

Online продавницата го претставува бизнисот со трговија на глобално ниво. Во ерата на новото и модерно време се повеќе луѓето купуваат “од дома”. Научи да креираш online продавница и биди конкурент на пазарот со е-трговија. Совладај ги платформите за изработка на online продавница: Open Cart, Shopify, Woocomerce.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

4 Месеци (64 часа)

discount10

Цена:

48 000 денари
43 200 денари

Google ads

Во овој курс, ќе научите се за рекламите на Google, како работат рекламите на Google, какви видови на реклами постојат, каде можат да бидат пласирани и зошто рекламирањето на Google е најдобар начин за раст на било кој бизнис а воедно и најефтин на целиот свет.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

64 часа(4 месеци)

discount10

Цена:

40 000 денари
36 000 денари

office

Деловниот свет не може да се замисли без компјутерско знаење. Оваа обука е наменета за деловни корисници или оние кои веќе влегуваат во деловниот свет. Овозможува самостојна, брза и ефикасна изработка на најразлични типови текстуални документи, добивање на точни податоци во табеларните пресметки, како и нивно графичко претставување.

calendar

Почеток на курсот:

Наскоро

clock

Времетраење на курсот:

32 часа

discount10

Цена:

5 000 денари
4 500 денари

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Зошто курсевите на Kimicom траат толку долго?

Времетраењето на курсевите ни е наметнато од самите посетители – односно потребата за повеќе пракса на нашите студенти за подобро сфаќање , совладување и усовршување на знаењето и вештините со кој се запознаваме. Принципот на работа на нашите курсеви е: теорија – пракса – домашна задача – работа на проект.
Наша цел е да Ве научиме да го користиме стекнатото знаење а не само да се запознаеме со теоријата на матерјалот. По завршувањето на било кој курс да имате самодоверба и вештина самостојно да работите и да се усовршувате.

2 Дали Kimicom бара работа за своите студенти?

Kimicom со својот центар за едукација го нуди своето знаење и искуство – не посредуваме при вработувања. Но гарантираме дека со стекнатото знаење – по успешно завршен курс, ќе бидете квалификувани за позитивно да поминете соодветно интевју за вработување во било која ИТ компанија, и ќе бидете квалификуван работен кадар.

3. Какви со можностите за вработување во Kimicom по завршувањето на курсот?

Ние со радост ги пречекуваме сите нови таленти во нашиот тим – Kimicom е компанија со секојдневен раст и развој и секојдневна потрага по млади таленти кои ќе ни помогнат и понатаму да бидеме меѓу најдобрите.

4. Постои ли можност за плаќање на рати?

Секако – Ви нудиме можност на плаќање на рати без камата, цената на коштање ја делиме на подеднакви месечни рати во зависност од времетраењето на курсот. Kimicom има и посебен третман за средношколците и студентите – нудиме специјален попуст за овие целни групи со цел олеснување на матерјалните трошоци и поттик за проширување на знаењето и љубовта на младите во Македонија кон оваа профитабилна професија.

5. Дали издавате сертификати по завршувањето на курсот?

По секој успешно завршен курс се добиваа соодветен сертификат од германското представништво на Kimicom – бидејќи нашите предавачи добиваат наставна програма , материјал и насоки од нив.

6. Зошто се решивте да ја проширите вашата дејност со едукативниот центар?

Откако го отворивме нашето представништво во Македонија осетивме недостаток на соодветен кадар на пазарот на трудот – потреба од едукација на младите како би станале конкурентни во сферата на маркетингот, веб дизајн и програмирањето. Со едукативниот центар си олеснуваме и себеси и на нашите студенти а се надеваме дека даваме и свој мал но за нас значаен придонес во намалување на невработеноста во Македонија

7. Дали е потребно предзнаење за посетување на вашите курсеви?

Во принцип НЕ – не е потребно предзнаење. Ние се трудиме во секоја група студентите да ги изедначиме во можностите и знаењата и доколку некаден се осети потреба за индивидуална работа со поединец тоа и го практикуваме.

8. Од која возраст е препорачливо да се започни со посета на курсевите?

За оваа прашање немаме точен одговор – тоа е во зависност од љубовта, талентот и поединечниот развој на секоја личност. Доколку сакате за Вас кои сте во поодминати години или пак мислите дека Вашето дете има афинитети кон оваа професија – сите сте добредојдени да работиме заедно на раст и доградба на талентот кој што сте го препознале. Никогаш не е ни прерано ни прекасно за нова кариера која ќе ја сакате!

9. Како ја составувате наставната програма и како ги избирате предавачите – дали се тие компетентни личности?

Нашата програма ја составува целиот тим – сите вработени имаат право да дискутираат и да додаваат теми или обратно. Зошто е тоа така и дали е тоа најдобар метод? Според нашето искуство ДА дефинитивно најдобриот метод на предавање е всушност постапно учење на сите чекори кој еден наш програмер / дизајнер ги поминува низ самата работа на реални проекти.
Комбинацијата на темите во самите курсеви се така поделени за да формираат една целина , целина на програми јазици алатки и сл…. со кој што можите самостојно да работите на една работна позиција.